Loading Video...
Спорт плус
19. February 2023 - 20:08

Добрески 53-ти на СП во алпско скијање

На СП во Алпско скијање денеска настапи и македонскиот репрезентативец Јаков Добрески кој успеа да пристигне до целта на двете слаломски трки и со задоцнување од 22 секунди и 6 стотинки зад најдобриот го освои 53-то место. 
А најдобар денеска во Куршевел беше Хенрик Кристоферсен од Норвешка  кој се закити со првиот  златен медал во слалом откако беше побрз за 20 стотинки од Гркот Еј Џеј Гинис кој го освои второто место и го донесе најголемиот успех на Грција во Алпско скијање. 
 
Третото место и бронзениот медал го освои Италијанецот Алекс Винацер додека најдобриот по првата трка Марко Шварц заврши на 6. Место.