Фудбал
24. July 2023 - 19:57

Добра ждрепка за Струга во конференциската лига

 
Две македонски екипи, Струга ТЛ и Шкупи останаа во фудбалска Европа и тоа во конференциската лига. Денеска УЕФА ги одреди и евентуалните противници за македонските претставници во третото квалификациско коло. 
 
Шампионот Струга кој по елиминацијата од квалификациите во ЛШ ќе продолжи во конференциската лига за противник во следното коло го има тимот на Будуќност Подгорица.  Оваа средба се игра во Охрид во среда од 17ч а доколку Стружани ја минат оваа пречка тогаш во следната рунда ќе играат со победникот од дуелот ТНС од Велс и Свифт хеспер од Луксембург. 
 
Поранешниот првак Шкупи кој во второто коло во четврток  игра со бугарскиот гигант Левски Софија ќе се соочи во 3. квалификациско коло со  подобриот од дуелот на израелскиот  Хапоел Бер Шева и Паневезис  од Литванија .