Кошарка
29. August 2022 - 10:41

Добар старт на македонските кошаркари во предквалификациите за ЕП 20225

Најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македонија со две победи го започна новиот циклус на предквалификации за ЕП
 
По триумфот над Данска на гостински терен  пред три дена, македонските кошаркари синоќа пред своите симпатизери во Скопје ја совладаа и Словачка, со што црвено-жолтите првиот прозорец од квалификациите за Евробаскетот 2025 година, го завршуваат со максимален учинок. 
 
Промената на селекторското место очигледно донесе резултат, па по Баиќ кој имаше шест порази во низа во квалификациите за СП, неговиот тогашен асистент, а сега селектор Алаксандар Јончевски има 100% учинок
 
„Што се однесува до самиот овој натпревар, Словачка без разлика што имаше загубено дома од Норвешка, влезе доста мотивирана. Погодија 46% за три поени. Пробавме да ја смениме одбраната на полувреме, нешто функцонираше, ама не во целосна слика. На крајот среќен сум затоа што победивме, триумф за кој најзаслужни се играчите. Им честитам на момците што во овој циклус дојдоа до две многу важни победи во ситуација во која од четири тима, само еден оди понатаму. Меѓутоа, работата не е завршена затоа што и Норвешка е со ист статус како со нас. Ни претстојат уште два тешки циклуса“, изјави селекторот Јончевски.
 
 
Покрај Македонија и Норвешка има две победи во квалификациската Д група, откако Норвежаните синоќа ја декласираа Данска со 24 поени разлика. 
 
Токму Норвежаните ќе бидат првиот противник во вториот круг натпревари кои ќе ги играме на домашен терен и тоа на 10 и 13 ноември, а прво ќе ја пречекаме Норвешка, а потоа и Данска.