-->
-->
До 13 часот во Дебар излезеноста 9, во Центар Жупа 7 отсто
-->
Се зголемува процентот на излезеност во општините Дебар и Центар Жупа, но сепак споредено со првиот изборен круг, одржан на 21 април, таа во Дебар е половична, а во Жупа за еден отсто поголема.
Според претседателката на ОИК Дебар, Елмира Бакали до 13 часот правото на глас го оствариле 1.594 лица ил 9 отсто. Пред две недели излезеноста била 18 отсто или правото го искорстиле 3.259 гласачи од вкупно запишаните.
Во општина Центар Жупа од вкупно 6.953 лице со право на глас, гласале 489 лица или 7 отсто. Во првиот круг одѕивот на гласачи бил 6 отсто или правото на глас го искористиле 429 лица.
Изборниот тек и во двете општини минува мирно.Изборите ги следат набљудувачи на МОСТ, а дел од избрачките места се посетени и од набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа