-->
-->
До 13 часот во Битола излезност 41,24 отсто, а во Демир Хисар 37,84 отсто
-->
Општинските изборни комисии во Битола и Демир Хисар информираат дека гласањето на денешните предвремени парламентарни избори се одвива мирно.
- Гласањето во Битола се одвива на 170 избирачки места и досега гласале 33.909 граѓани од евидентираните 82.212 или 41,24 отсто граѓани со право на глас, соопшти Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.
Гласачите од Битола и гласачите од Демир Хисар избираат кандидати за пратеници од ИЕ 5.
- Во Демир Хисар се гласа на 35 места каде се евидентирани 7.247 граѓани. До 13 часот гласаа 37,84 отсто од граѓаните или 2.752 лица, потврди Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Законот за локална самоуправа чека поддршка од ДУИ
-
Комеморативна седница за Стојан Андов
-
Лимани и Камбовски не одговорија дали треба да се распушти Судскиот Совет
-
Бебе починало ден по раѓањето во битолската болница
-
Безредие и пропусти на ФЗО, покажа извештајот на државната ревизија
-
Убиство или самоодбрана? - За што ќе одговара жената што ги уби сопругот и свекорот?
-
Колкави сметки за струја ќе плаќаме од први јули?
-
Загубата на вода во Македонија е над 60%