Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол која денеска и утре се одржува во Скопје
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев денеска (02.04.2025) ја отвори работилницата на Интерпол за сребрена потерница, која се одржува од 2-3 април 2025 година во Скопје, на која учествуваат околу 60 јавни обвинители, полициски службеници и претставници од финансиски институции надлежни за враќање на криминално стекнат имот, од Европските држави и САД.
Работилницата е фокусирана на дискусија за имплементација на новата уникатна алатка на ИНТЕРПОЛ, преку која на државите членки им се овозможува поуспешна борба против организираниот и сериозен криминал и зајакната меѓународна полициска соработка, преку упатување на барања и размена на информации за лоцирање, идентификување и добивање податоци за криминално стекнат имот во странство.
Како дел од експертската работна група на ИНТЕРПОЛ за сребрена потерница меѓу 32 држави од светот, како и дел од пилот проектот за сребрена потерница меѓу 51 држава од светот, нашата држава е единствената држава од регионот на Западен Балкан, која дава активен придонес во пилот фазата за распишување на сребрени потерници, со воспоставена тесна координација на национално ниво помеѓу сите надлежни служби за спроведување на законот. Процесот за враќање на криминално стекнатиот имот е од особена важност во борбата против криминалот и корупцијата, придонесува кон разбивање на криминалните мрежи и зацврстување на довербата кај граѓаните. Преку враќање на криминално стекнатиот имот, се удира директно во главниот двигател на криминалната активност - стекнувањето профит и значителната економска позадина, која е од суштинско значење за функционирањето на криминалната мрежа, а од друга страна се отвара можност за генерирање на финансиски средства за понатамошен развој и јакнење на правниот систем во државите.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура