Македонија
22. December 2020 - 14:13

Директорот на АМС, Наумче Мојсовски позитивен на Ковид-19

Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за Млади и Спорт и поранешниот македонски репрезентативец на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.
 
Тој соопшти дека се заразил со коронавирусот, а воедно испрати апел до сите свои сограѓани да ги почитуваат мерките и да останат дома за престојните празници.

-Драги пријатели, поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Во моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.

– Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома.

– Мојот апел до вас пријатели е да направите се за да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно, – напиша Наумче.