Димитров во Талин на министерски состанок на ЕУ и земји кандидати за членство
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска и утре во Талин, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, на состанокото присустува на покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Република Естонија Свен Миксер, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ.
Дискусиите на состанокот, се вели во соопштението, ќе се фокусираат на спречувањето и борбата против радикализацијата и насилниот екстремизам, како заеднички безбедносни предизвици за земјите членки на ЕУ и земјите кандидати.
На маргините на состанокот, на покана на заменик министерот на Естонија надлежен за ЕУ прашања М. Масикас, министрите на земјите-кандидати ќе учествуваат и на работен ручек на кој ќе се дискутира за политиката на ЕУ за проширувањето и статусот на реформи во земјите кандидати.
Ново на Сител
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче