Димче Арсовски: Зоран Заев и СДСМ ги ослободија сите можни осудени криминалци во Република Македонија
Зоран Заев и СДСМ ги ослободија сите можни осудени криминалци во Република Македонија. Таков е и случајот со еден од осудените од случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец.
Вилма Русковска ослободувајќи го осудениот од случајот „Рекет“ и пуштајќи го на слобода дали уште еднаш сака да докаже дека е соучесник во случајот „Рекет“, притоа помагајќи ги нарачателите и Зоран Заев да ги прикријат трагите?
Вилма Русковска од самиот почеток на случајот, истрагата ја водеше непрофесионално и аматерски.
Најпрвин, им остави време на инволвираните да прикриваат докази и траги. Потоа доцнеше со истрагата, во среде случајот си отиде на летен одмор со целото обвинителство. Со очајни напори се обиде да го прикрие изнесувањето на доказите за случајот „Рекет“. И со пиунот на Зоран Заев, Љубомир Јовевски се обидоа да ја ограничат истрагата само на тројца несреќни извршители, за веднаш потоа да сеиспостави дека имало и многу инволвирани, вмешани од врвот на СДСМ.
Ослободувањето на Зоран Милески Кичеец, веќе осуден за случајот „Рекет“ е само показател дека Вилма Русковска работи директно под диктат на Зоран Заев и свесно сака да го прикрие случајот „Рекет“, односно сите докази и трагите, се со цел за да прекине Зоран Милески да ја разоткрива вистината во своите искази и сведочења.
Ако од нешто се плаши Зоран Заев, тоа е од разоткривањето на случајот „Рекет“ бидејќи и самиот директно е вмешан во истиот. Впрочем според исказот навеќе ослободениот Кичеец, Заев му кажал на Бојан 13 дека се пријавени за случајот „Рекет“ во Влада.
Одговорност за сето ова мора да има. И за инволвираните, и за нарачателите, но и за оние кои што помагаат во прикривањето на случајот како што е Вилма Русковска.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст