-->
-->
Ди Каприо ручал во ресторан за бездомници
-->
Холивудскиот глумец Леонардо ди Каприо оваа недела ручал во еден ресторан во Единбург, во кој се собираат финансиски средства за бездомници.
Имено, Ди Каприо бил гостин на ресторанот „Дом“ во кој посетителите можат однапред да платат оброк за бездомници.
- Голема е честа што Ди Каприо беше гостин во нашиот ресторан и што ја поддржа хуманитарната акција. Секој понеделник организираме вечера за бездомници, а им нудиме и можност да се вработат кај нас. Тоа е уште една голема холивудска ѕвезда која ги препозна нашите напори да ја намалиме сиромаштијата, изјави сопственикот на ресторанот.
Инаку Ди Каприо долги години се занимава со хуманитарна работа и се бори за заштита на животната средина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“