ДЕВОЈКАТА ОД ПРОЗОРЕЦОТ
Емотивна приказна која ги омекна срцата и на најтврдите и ги расплака душите и на најкревките. Со оваа приказна, работена по вистински настан, сочуствуваа сите што ја слушнаа и ја засакаа сите што ја видоа.
Налан е наивна и љубезна девојка, израсната во голема куќа покрај Босфорот. Нејзината мајка Фериде е конзервативна и доминантна жена која ја контролира својата ќерка во сè што прави, грижејќи се за семејната чест како врвен приоритет пред сè останато. Госпоѓата Фериде не ѝ дозволува на ќерка си да излегува навечер или да се гледа со некој маж пред да се омажи. Ѝ ја контролира тежината, луѓето со кои се гледа, облеката која ја носи, никогаш не покажувајќи љубов и разбирање за своето чедо. И сето тоа е поради една голема тајна од минатото, скриена зад студените ѕидови на вилата. Девојката е всушност нејзина внука, која ја одгледала како ќерка, но никогаш не ѝ ја кажала вистината. И поради таквиот груб и немилосрден однос, Налан никогаш не се спротиставува на мајка си, го прави она што ќе ѝ биде кажано, одговара на телефонски повици кога мајка ѝ ќе ѝ дозволи, не се гледа со ниеден маж. Вистинска принцеза израсната зад прозорците на вилата. Невина девојка која сонува за љубов која никогаш не ја имала. За чувства кои никогаш не ги доживеала.
Но, еден ден, таа ќе се запознае со богатиот и успешен Седат, еден од синовите на богатото семејство на Рафат Короглу. Средбата со овој млад човек за девојката е остварување на нејзините соништа и потајно бегство од куќата во која израснала.
Но, ќе успее ли Фериде да го прифати овој човек за сопруг на нејзината ќерка и да ги оствари соништата на Налан? За таа што беше растена во стаклено ѕвоно, бајката ќе почне да се остварува, но ни самата не е свесна дека рајот по кој мечтаеше, за миг може да стане вистински пекол.
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО