Детектор: Граѓаните најлоши услуги добиваат од МВР
Во моментов граѓаните се најзадоволни од услугите кои што ги нудат општините Ваков став делат 12,7% од анкетираните. Следи МВР со нешто под 10%, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Споредбата со ланската анкета дава интересни податоци имајќи предвид дека лани МВР го држеше врвот како институција од која граѓаните се најзадоволни пред локалната самоуправа, но во моментов, ситуацијата е обратна.
Очекувано, по кризата со издавање на документи. МВР е институцијата од која граѓаните се најмалку задоволни. Ваков став дели речи си секој четврти анкетиран граѓанин или 24% од вкупната бројка.
Следи Фондот за здравство за кого 8% од граѓаните рекле дека е институција од која се најмалку задоволни.
Споредбата со минатата година дава големи разлики само кај полицијата, имајќи предвид дека во 2023 во анкетата на Детектор само 7% од анкетираните го посочиле МВР како институција од која се најмалку задоволни. Во моментов, МВР е институцијата за која граѓаните велат дека најчесто имаат потреба да им заврши некоја услуга. Ваков став делат 23% од анкетираните. Следат општините со 16% и Фондот за здравство во 13,%. Без некакви промени е и споредбата со нашата анкета од претходната година.
Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.
Ново на Сител
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза
-
46-годишна жена од Скопје го пријавила сопругот кој подолго време ја следел и ја вознемирувал
-
Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта
-
Стипендија за високо образование и плакета за храброста на Јован - предлог одлуката утре на седница на Советот на Виница