Балкан
17. August 2023 - 11:44

Детали за големата полициска акција во Албанија: Криминалците го запалиле бродот кога сфатиле дека се опколени

Aлбанската полиција уапси криминална група обвинета за шверц на дрога на брод што пловел од Црна Гора, јавуваат албанските медиуми. Акцијата ја поддржаа италијанската Guardia di Finanza и американската агенција ДЕА.

Како што пренесува „politiko.al“, заменик-директорот на албанската државна полиција, Сокол Бижга, на прес-конференцијата ги изнесе деталите од меѓународната операција против шверцот на дрога, што беше спроведена вчера.

Во акцијата се уапсени шест лица и тоа четворица албански државјани и двајца украински државјани.

Меѓу уапсените е и поранешен функционер на албанската полиција.