Денови на италијански театар на третото издание на „МНТ Фест“
Уметници од регионот Апулија во Италија со повеќе театарски и танцови претстави и филмски проекции изминативе неколку дена се претставуваат на третото издание на Меѓународниот театарски фестивал „МНТ Фест“.
Годинашниот „МНТ Фест“ ќе трае до јуни, со паузи меѓу изведбите за публиката да може да ги одгледа сите претстави.
Македонската публика вечер, со почеток во 19 часот ќе може да ја погледне танцовата претстава „Во темната кружиме ноќ и не голтаат јазици, пламни“ на театарот Алдес од Лука.
Во 21 часот е проекцијата на филмот „Земјата каде што дрвјата летаат, Еуџенио Барба и годишнината на Один“ во режија на Давиде Барлети и Јакопо Квадри. Филмот е посветен на големиот светски режисер Еуџенио Барба и неговиот сега култен Один театар.
Во четвртокот беше прикажана претставата „Сон на лентата ноќ“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Антонио де Нито. Според критиката, тоа е претстава која зрачи со свежина и со ведрина од сите пори. Во претставата играа актери од Италија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Националната опера на борците гостуваше со „Планинските џинови“, по сценарио на Валентина Дијана, а во режија на Џузепе Семераро. Според режисерот, тоа е непромислено драмско дело кое од пиранделовски театар иронично се стреми да создаде театар поради театар, уметност поради уметност.
Ново на Сител
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија