Денеска започнува расправата во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата
Во 12 часот по локално време, во грчкиот Парламент ќе започне седницата за обновување на довербата на Владата, по барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а ќе заврши во утревечер со гласање доверба, јави дописничката на МИА од Атина.
Иако претходно седницата беше закажана за 10 часот, почетокот, по барање на лидерот на Независни Грци, се одложи за 12 часот за да може да ја заврши церемонијата на примо-предавање на министерската позиција во Министерството за одбрана.
Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот премиер, а обраќања ќе имаат и лидерите на политичките партии.
Утревечер, веројатно околу полноќ, како што најчесто е случај со гласањата во грчкиот Парламент, пратениците ќе треба да одлучат дали ќе и дадат или не доверба на Владата.
За Владата на Ципрас да добие доверба, потребно е позитивно да гласаат 151 од 300 пратеници колку што има грчкиот Парламент.
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат