Македонија
14. April 2016 - 8:51

Ден на Царинската управа на Македонија

Царинската управа на Република Македонија денеска ќе го одбележи денот на нејзиното основање со презентација на активностите реализирани во изминатата година, придобивките од модернизацијата на граничните премини, а ќе биде промовирано и видео запис за нејзината улога во општеството.

Во рамки на настанот ќе бидат врачени и плакети и признанија за успешната соработка со поединци и институции.

На министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска ќе и биде врачена пофалница од Светската царинска организација за посебна соработка на полето на имплементацијата на ИТ системите, континуираната соработка и електронсктоо прибирање, размената и заштитата на податоци поврзани со царинското работење.