Демир: Турција има алтернативи ако САД не сакаат да и продадат Ф-16
Директорот на турската Дирекција за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир за „Си-ен-ен Турк“ изјави дека ако САД не и продадат на Анкара авиони ловци Ф-16, Турција има и други можности, меѓу кои и руските авиони Су-35.
– Турција има алтернативи. Доколку не се реализира договорот за продажба на Ф-16, Турција на маса има различни алтернативи, вклучувајќи го и Су-35, рече Демир, изразувајќи надеж дека ќе биде реализиран договорот за продажба на авиони ловци. Анкара сака да купи 40 борбени авиони Ф-16 Блок-70 од САД, како и 80 комплети за модернизирање на постојното вооружување на Турција.
Анкара најави дека сака да го купи Ф-16 откако беше исклучена од американската програма за производство на ловец-бомбардер од петта генерација Ф-35 поради купувањето на руските противвоздушни ракетни системи С-400. Американскиот Конгрес неодамна усвои закон со кој Белата куќа ја обврзува да докаже дека купувањето ќе биде во интерес на САД и дека овие воени авиони нема да се користат за нарушување на грчкиот воздушен простор.
Турција очекува во 2030 година воен авион од домашно производство да биде дел од турските вооружени сили.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки