Делумно помилуван поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски
Поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, е делумно помилуван со одлука од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, објавена на 2 апарил во Службен весник. Со тоа Поповски, делумно се ослободува од понатамошно издржување на неиздржаниот дел од заедничката затворската казна за случаите „300“ и „Тенк“, отворени од поранешното Специјалното јавно обвинителство.
За случајот за набавка на 300 возила за потребите на МВР, Попвоски, во мај 2018 година беше првостепено осуден на девегодишна затворска казна, но Апелација во декември истата година ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење. Во октомври 2019 година Поповски повторно доби девет години затворска казна, што Апелација ја намали на пет години.
Поповски беше обвинет од поранешното СЈО дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, при што не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453 570 евра.
За случајот Тенк, за набавката на мерцедесот Поповски доби 4,5 години затвор, додека поранешниот премиер Никола Груевски, како поттикнувач за извршување на делото доби две години затвор.
Поповски за двата случаи бара спојна казна и ублажување, по што добива една заедничка казна затвор од 8 години и два месеци, што потоа Апелација ја намалува на седум години затвор.
Во Одлуката на Сиљановска Давкова, се помилувани осум лица, од кои четири целосно, а четири од делумно извршување на казната.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност