Делови од Кисела Вода, Сарај и Шуто Оризари утре без струја
Дел од корисниците од улицата „Саса“ бр. 32 утре ќе бидат без струја од 8:30 до 10:30 часот, а од 12:30 до 15 часот корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ бб, објектите на влезот на Стакларница, ресторанот „Мандра“, „БА Компани“ и околината во општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 10 часот без снабдување со струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Брсјачка буна“, „Пелагонија“, „Нов живот“ и „Злетовска“ во општина Шуто Оризари.
Од 9 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „1“ во Љубин, општина Сарај, а од 8:30 до 9:30 часот корисниците од улицата „Ѓорѓи Димитров“ бр. 21/1 во општина Кисела Вода.
Во периодот од 10:05 до 14:05 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница, Бојане и дел од село Кондово во општина Сарај.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести