Дејвид Боуви оди во пензија
Десет години минаа од неговиот последен концерт, а според новите информации, Дејвид Боуви никогаш повеќе не планира да оди на турнеја. Секако, ако може да се верува на неговиот менаџер, Џон Гидингс, кој до сега му договараше концерти. Таквата најава тој ја изрече во текот на учеството на Меѓународниот фестивалски форум во Лондон, јави Music Week:
- Дејвид Боуви е еден од најдобрите уметници со кои некогаш сум работел. Сепак, кога сега ќе се видиме прво што ми вели е дека не сака да оди на турнеја. Тој одлучи да се пензионира, токму како и Фил Колинс, а од тие луѓе не можете да барате по кој знае кој пат да излезат на сцена, рече Гидингс во Лондон.
На Боуви последна турнеја беше „A Reality Tour“, 2004 година, а и покрај вестите дека нема да работи турнеја, тоа не значи дека не пишува нови песни. Неодамна напиша музика за серијата „The Last Panthers“. Новите песни на Боуви ќе бидат претставени и во мјузиклот „Lazarus“ на Бродвеј, во декември.
Ново на Сител
-
Пратеничките побараа поголеми заложби за родова еднаквост - СДСМ ја бојкотираше седницата
-
Истражување на Реактор: Жените и девојките имаат страв од возење во автобус
-
Генералштабот на АРМ ќе присуствува на состанокот на Макрон во Париз
-
Мицкоски: До стратешката цел со помош на стратешкиот партнер
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Коцевски го доби предлогот за негово разрешување - тврди дека нема правен основ
-
Маржи и до 70% откриени кај дистрибутери - пазарна на терен