Генералштабот на АРМ ќе присуствува на состанокот на Макрон во Париз
Началникот на генералштабот на АРМ ќе присуствува на состанокот кој го организира францускиот претседател Макрон, следната недела во Париз. На овој состанок предвидено е да се разговара за зајкнување на одбраната на европските земји, по се заострените односи меѓу САД и Европската унија, но и разговори за ставање крај на војната во Украина.
АРМ денеска ја доби поканата.
Денеска пристигна поканата за учество на НГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на претстојниот состанок во Париз, кој ќе се реализира во рамките на парискиот Одбранбен и безбедносен форум, а е во организација на началниците на Генералштабовите на Франција и Обединетото Кралство.
Од страна на Генералот Лафчиски поканата е прифатена и ќе учествува на овој состанок.
Информираме дека целта на овој состанок е да се презентираат заедничките размислувања на организаторите, велат од АРМ за Сител.
Претходно министерот за одбрана Владо Мисајловски, за Сител кажа дека Македонија нема да испраќа македонски војници во Украина, откако Макрон најави дека ќе се сретне со воени претставници на оние земји кои се подготвени да испратат мировни сили кои ќе бидат распоредени откако ќе пристигнат борбите.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар