Свет
1. April 2016 - 13:20

Данска и понатаму со зголемена контрола на границата со Германија

Данското Министерство за интеграција и миграција одлучи денеска да ги продолжи зголемените мерки за контрола на границата со Германија до 3 мај.

Владата на Данска воведе зголемена граничната контрола на 4 јануари како реакција на сличните мерки кои ги воведе Шведска, а како реакција на приливот на мигранти од Блискиот исток и од Африка. 

Данското Министерство, во официјалното соопштение, наведува дека Владата смета дека вакви мерки и понатаму се неопходни со цел да се избегне зголемувањето на бројот на нелегални имигранти во Данска, пренесува Танјуг.