-->
-->
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-->
Жителка на источниот украински град Славјанск денеска е осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство затоа што и дала воена информација на Русија.
„По јавна постапка на регионалното обвинителство на Доњецк, судот ја прогласи граѓанката за виновна за велепредавство и ја осуди на 15 години затвор и конфискација на имот“, објави главното обвинителство на Украина на „Телеграм“.
Според обвинителството, меѓу март и април 2024 година обвинетата му предала информации за украинската војска на свој познаник, кој служи во руската армија.
Обвинителството тврди дека ја предало и точната локација на украинските сили стационирани во Славјанск, како и локацијата на контролните пунктови во регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување