Д-р Јовев: Имав притисоци, јас и Кардиохирургија испаднавме жртви
Разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев денеска во присуство на вработени и негови колеги од Клиниката рече дека за првпат земал боледување во 35 години работење, но го земал поради притисоци кои што ги имал.
-Имав притисоци дека сум направил грешка во самиот протокол за настанот при отворањето на нова хибридна сала, единствена во регионот. Се случи да тоа беа уредно поканети сите, но единствено министерот за здравство не дојде, сметајќи дека нешто подоцна е дадена поканата за него, а порано за премиерот. Јас не можев да се мешам, тоа е Влада и они решаваат меѓусебе, а јас се најдов на средина. На крајот јас испаднав жртва, но и кардиохирургијата. Даваме лоша лекција на сите млади после нас, рече Јовев на прес-конференција за неговото разрешување од страна на првиот човек во здравството, Фатмир Меџити.
Тој порача дека на Клиниката нема работно време, туку се работи секојдневно 24/7.
-Поддржан сум од СДСМ, но не сум партиски кадар. Заменик-министерката ме поддржа, а од премиерот не сум добил известување и сметаше дека не смее да се меша во нашата работа со министерот. Самата партија и нивните структури сериозно ми дадоа поддршка и застанаа на моја страна, кажа Јовев за медиумите.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива