Македонија
21. November 2023 - 9:52

ЦУК: Вчера имало четири пожари на отворено

Во последното деноноќие имало четири регистрирани пожари на отворено, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во текот на деноноќието гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 3.000 метри квадратни кај скопското село Зелениково.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Прилеп гаснеле запалена ниска вегетација во близина на училиштето „Ристе Ристески - Ричко“ во Прилеп, а пожарникарите од Штип гаснеле запалена нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација меѓу селата Горни Балван и Горно Трогирци. 

Пожарникарите од Куманово гаснеле запалена сува трева и ниска вегетација кај село Љубодраг.

На Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.626 повици. Од нив, „реални“ повици за итни случаи биле 34.93 отсто, а 65.07 отсто биле именувани како „неитни повици“ или за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

- Кон полицијата биле упатени 46.83 отсто од повиците, кон итната медицинска помош 46.83 отсто, а кон пожарникарите биле упатени 2.53 отсто. Кон АМСМ имало 1.28 отсто и кон ЦУК имало 7.59 отсто од итните реални повици за комбинирано решавање, заедно со другите 65.07 отсто именувани и како „неитни повици“, соопшти ЦУК. 

ЦУК преку својот Сектор за операции и координација ги координира итните случаи чија природа „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата.