Македонија
21. јуни 2024 - 19:15

Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи

И викендов земјава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што ќе преовладува претежно сончево и натпросечно топло време, но од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање. 

Како што информира УХМР, утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната од 33 до 40 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.