ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов одржал координативниот состанок на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето од зголеменото присуство на змии во урбаните средини”, на којшто присуствуваа претставници од Министерство за внатрешни работи и од Зоолошка градина Скопје.
Од ЦУК информираат дека на состанокот, иако повикани, не присуствувале претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, од Министерство за здравство и од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ангелов на состанокот истакнал дека за зголемениот број пријави за змии во државата, потребно е соодветно превентивно да реагираат државните структури што се во допир со таа тема.
Претставниците од Зоолошката градина Скопје информирале дека доброволно во рамки на можностите понекогаш помагаат за безбедно отстранување на змии, при што посочиле дека би било корисно на идната координативна средба да бидат повикани претставници и од невладиниот сектор, конкретно од Македонското еколошко друштво (МЕД), („херпатолози“), за да направат стручна експертиза.
Напоменале и дека во Град Скопје засега нема случаи на опасно повредени или загинати лица од отровни змии, што е во домен на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.
На средбата станало збор и за работите кои, како и во другите современи земји, се поврзани со лиценци или дозвола за заловување на примероци од див свет, како се заловува дивото животно, а и за начинот и местата каде што потоа безбедно се пушта на слобода во природата или друго одредено место, согласно специфични случаи. Тоа се прашања во сферата на проблематиката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање, кои во буџетот треба да издвојуваат финансиски средства за обука, за теренска акција и едукација за справување и запознавање на диви животни, се наведува во соопштението од ЦУК.
На координативната средба било посочено дека е пожелно темата да се споделува и преку соработка со медиумите, со цел подигање на општествената свест и безбедноста на граѓаните.
Ново на Сител
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото
-
Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија
-
Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
-
Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
-
АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија