-->
-->
ЦУК: Невреме во Неготино
-->
Од 11.45 до 12,30 часот подрачјето на општина Неготино го зафати невреме, пропратено со врнежи од дожд, објавија од Центарот за управување со кризи на фејсбук.
- Врнежите беа обилни и истите предизвикаа поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН на која беше реагирано на време од страна на ТППЕ Неготино за да не дојде до прекин во електроснабдувањето. Исто така во село Дисан има поплава на станбен објект (куќа).
ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода. Има предизвикано материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Интрвенцијата траела од 12.30 до 16,30 часот, објавија од Центарот за управување со кризи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница