Коѕиас му честиташе на Трамп
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска му честиташе на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
- Грчката Влада има системски односи со двете партии, Демократската и Републиканската. Имавме разговори со тимот на Трамп за прашања од регионот, во септември минатата година на маргините на Генералното собрание на ОН. Грчката Влада и секоја грчка влада отсекогаш имала добри односи со САД и американскиот народ. Ние продолжуваме да имаме добри политички односи, изјави Коѕиас.
Тој додаде дека во Грција сега се чека американскиот претседател Барак Обама, кој, како што рече е „многу популарен“ во земјата.
- Средбата на претседателот Обама со премиерот Алексис Ципрас и грчката Влада ќе биде плодна, позитивна и продуктивна, истакна Коѕиас, кој во моментов е во официјална посета на Бејрут.
Американскиот претседател Обама ќе престојува во посета на Грција на 14 и 15 ноември.
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица