Црвен крст: Минатата недела укажана прва помош на 3.876 мигранти
Тимовите на Црвен крст на Република Македонија во периодот од 23 до 29 ноември на граничните премини Табановце и Гевгелија на 3.876 лица им укажале прва помош.
Во посочениот период дистрибуирани се и 4.525 шишиња вода за пиење, 1.014 пакети со прехранбени продукти, 261 пакети со хигиенски средства, 114 парчиња пелени за бебиња, 62 пакети за бебиња, 2.486 ќебиња, 278 вреќи за спиење и 1.244 мантили за дожд.
Како што соопштуваат од Црвен крст на Република Македонија, во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина активно се вклучени во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ земјата и се 24 часа на терен со девет мобилни тима на двата гранични премина.
Вкупниот број на лица ангажирани во тимовите изнесува 176, составени од вработените лекари и парамедици, членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање исчезнати лица при Црвениот крст.
Ново на Сител
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација