Црна Гора воведува карантин во Никшиќ, Беране и Андријевица
Црна Гора повторно воведува карантин.
Во Никшиќ, Беране и Андријевица, од 28 септември до 12 октомври, забрането ќе биде напуштање на станбени згради од 22 до 5 часот наутро, а забранета е и работата на угостителските објекти, како и домашни посети.
Институтот за јавно здравје денес го објави списокот на кумулативна инциденца на ковид-19 за локалните самоуправи од 12 до 25 септември, врз основа на што ќе се применуваат нови мерки на Националното координативно тело од понеделник.
Во Рожаје од 28 септември е забрането работењето на угостителските објекти и домашните посети.
Во Котор, Будва, и Подгорица од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти имаат дозвола да работат до 22 часот, а најмногу две лица можат да седат на маси. Објаснето е дека растојанието од еден метар е задолжително помеѓу столовите на гостите кои имаат свртен грб едни на други.
Претходните епидемиолошки мерки продолжуваат да се применуваат во другите општини.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат