Членови на Европскиот парламент ја посетија општината Чаир
Членовите на Европскиот парламент, Ребека Хармс, Игор Шолтс, Роберт Година и Ане Тиделман, претставници на партиите на „зелените“ од Словенија, Германија и Шведска денеска ја посетија Општина Чаир .
Во рамки на нивната посета европратениците остварија средба со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кој ги презентираше тековните проекти и развојните планови на општината.
Европратениците го поздравија отворањето на канцеларијата на општина Чаир во Брисел, реализирана при последната посета на градоначалникот Меџити на европската престолнина, преку која општината полесно ќе ги промовира проектите и своите потенцијали.
Гостите од Брисел, како што е наведебо во соопштението од општина Чаир, покажале интерес и за актуелните политички случувања во земјата, при што заеднички бил поздравен позитивниот резултат постигнат во преговорите на политичките лидери околу имплементација на договорот од Пржино.
Ново на Сител
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата