Членките на Г-7 договорија отстранување на исламистички содржини од интернет
Министерите за внатрешни работи на членките на Групата седум индустриски најаразвиени земји во светот (Г-7) постигнаа договор за блокирање на материјали на интернет сајтовите, кои поттикнуваат на тероризам.
За време на состанокот на италијанскиот остров Искја, министрите се сретнаа со претставници на Гугл, Фејсбук и Твитер за да разгледаат како може да се запре радикализирањето преку интернет содржини.
- Интернетот е едно од средствата за врбување, радикализација и обука на странски борци, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити, кој беше домаќин на состанокот.
Според Минити, џихадистите од Исламската држава (ИД) имаат огромен успех во своите активности преку социјалните мрежи, каде регрутираат висок процент од своите членови.
Министрите воедно предупредија дека по падот на Рака, последното урбано упориште на ИД на Блискиот Исток, може да се очекува прелевање на преживеаните џихадисти во Европа
Ново на Сител
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени