Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
Пасошот и личната карта му се дома, четврти ден се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, информираа попладнево од навивачката група „Винари“ од овој град, на „Фејсбук“.
- Нашиот другар и сограѓанин Миле Тодорoв (Скечо) е исчезнат. Последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, Миле е висок околу 185 сантиметри. Четврти ден имаме безуспешна потрага во околината на Неготино и Кавадарци, соопштија од „Винари“.
Оттаму нагласија дека според луѓето кои го познаваат, можно е да е во некоја напуштена викендица или куќа или пак во манастир.
- Пасошот и личната карта му се најдени дома, па не би можел легално да испадне од државата. Замолуваме, доколку имате сознанија или го забележите, контактирајте ја полицијата или јавете се на броевите 078-909-481 и 075-691-727, споделија од „Винари“.
Од Секторот за внатрешни работи - Велес рекоа за МИА дека се трага со сите ресурси по момчето од Неготино.
Ново на Сител
-
Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го срозија животниот стандард на граѓаните
-
Папата Франциск хоспитализиран поради бронхитис
-
Отворен дежурен педијатриски пункт во поликлиниката Бит Пазар
-
Во Хрватска минатата година за 100 отсто е зголемен бројот на доброволци за служење воен рок
-
Казнети 809 возачи, 264 за погрешно паркирање, 232 за брзо возење, 56 возеле без возачка
-
Никола Груевски за Фросина и други потенцијални жртви, за Игор Југ и Зоран Заев
-
Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас