Отворен дежурен педијатриски пункт во поликлиниката Бит Пазар
Полесните случаи на болни деца од Клиниката за педијатрија ќе се лекуваат во поликлиниката Бит Пазар каде е отворен нов, целосно реновиран специјалистички педијатриски пункт. Пунктот ќе работи секој ден од 19.30 - 7.30 и во недела 24 часа, а располага со нов медицински мебел и инвентар, како и со сите потребни медицински средства за преглед, анализи и третман на деца до 14 години.
Вкупно 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом - Скопје ќе даваат здравствени услуги во пунктот на Бит Пазар. Во тимот, покрај педијатар, ќе има и медицинска сестра и лаборант.
-За јакнење на дежурните служби на поликлиниката Бит Пазар ќе се отвори нов специјалистички педијатриски пункт што ќе работи секој ден од 19.30 - 7.30 и во недела 24 часа. Ќе се прегледуваат деца под 14 години. Тимот ќе се состои од специјалист педијатар, медицинска сестра и лаборант. Ќе се вршат општ преглед, лабораториски анализи на крв, урина, ЦРП и се останато што е основно за поставување првична дијагноза иќе се дава соодветна терапија. Пунктот е целосно реновиран, опремен е со нов медицински мебел и инвентар, како и со потребните медицински средства, рече директопрот на ЈЗУ Здравствен дом - Скопје Самир Исени кој денеска, заедно со министерот за здравство Арбен таравари беше во посета на поликлиниката Бит Пазар.
Како што истакна Таравари, ако некој случај е покомплициран, веднаш ќе се испраќа на Клиниката за педијатрија.
-Се работи за проблем што беше евидентен. Пред два-три месеца ги повикав директорите на Здравствениот дом и на Клиниката за педијатрија да разговараме. Моравме да изнајдеме решение за големиот дел под децата на Клиниката за педијатрија, тие што се полесни случаи да бидат третирани во Здравствениот дом и веќе денеска тоа го промовираме. Идејата беше за во почетокот на февруари, но не е доцна и сега. Всушност, 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом - Скопје ќе даваат здравствени услуги, а пристап ќе имаат сите деца кои се полесни случаи, од 0 до 14 години, на кои им требаат примарно и секундарно здравство. Секој покомплициран случај, веднаш ќе се испраќа на Клиниката за педијатрија, нагласи министерот.
Според него, ќе се направат обиди да се отворат вакви пунктови и на другите скопски поликлиники ако има капацитет и минимум 6 - 7 педијатри подготвени да се договорат меѓусебе да дежураат. Сепак, потенцира, добро е што процесот стартуваше зашто било итно од некаде да се почне.
Министерот најави и други нови проекти.
-Се надевам за 15 дена ќе промовираме Клиника за инфективни болести, комплетно реновиран спрат и Клиника за урологија, комплетно реновирана. Интензивно работиме и на интензивна, интернистичка нега на Клиниката за токсикологија, но за таму ќе ни треба малку повеќе време, рече Таравари.
Одговорајќи на новинарски прашања, тој потврди дека има жалби за „Ало, докторе“ иако апликацијата функционира.
-Пациентите се јавуват и добиваат одговори, на некои од нив им се јавувам и јас лично. Сепак, имаат жалби. Проверуваме за што се. Се обидуваме да ја одржиме во континуитет комуникацијата со граѓаните за да прифатиме секакви жалби и поплаки, истакна Таравари.
Директорот Исени, пак, рече дека Здравствениот дом кубури со специјалисти, нема доволно невролози, дерматолози, а малку екипи има и за Итна помош.
-Во контакт сме со Министерството за здравство, се планираат неколку вработувања за да им се излезе во пресрет на граѓаните. Имаме недостиг на невролози, дерматолози, а мал е и бројот на сегашните екипи на Итна помош, напомена Исени.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.