Четиринаесетгодишник осомничен за разбојништво во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 1 од Кривичниот законик.
На 23 мај, како што информираат од Јавното обвинителство, детето во судир со законот, на возраст од 14 години, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „дијазепам“.
-Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож. Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети. Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда. Вработената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата за деца да определи мерка притвор за детето во судир со законот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат.
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината