Честитка од Заев по повод Велигден
Премиерот Зоран Заев по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан, до Синодот, свештенството на МПЦ и до сите православни христијани.
- Овој голем празник не повикува да ја отвориме нашата волја и да се усовршуваме како луѓе и личности имајќи го предвид подвигот на Исус Христос и да ги чуваме душата и телото чисти, за да не бидеме задушени во мракот на невоздржувањето. Бидејќи, најголем пријател на верата и на луѓето можат да бидат токму воздржувањето и одговорноста. Тие човечки вредности можат со сигурност да ги ослободат, да ги зајакнат, да ги осилат душата и духот, се вели во честитката.
Со благодатта на распнатиот и воскреснатиот Христос, како што се наведува, во овие Велики денови, на сите православни христијани да Ви го честитам Воскресението Христово и нека биде за многаја лета.
Прмиерот Заев по повод празникот упати писмо со честитки и до Црковното претставништво и верниците на Евангелско-методистичката црква во Македонија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот