Честитка од претседателот Пендаровски по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик
– Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.
–Најсрдечно ви го честитам 21 декември – Денот на наставата на турски јазик и ви посакувам многу здравје, радост и бериќет. Овој ден е врзан со почетоците на слободната македонска држава и Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните со која се гарантира правото на слободен национален живот за немнозинските заедници. Еден од првите плодови на таа декларација беше наставата на мајчин јазик за повеќе заедници, вклучително и за турската. Од тогаш до денес, образованието на турски јазик придонесува кон одржувањето на турскиот идентитет, култура и традиција и негување на соживотот во македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество, пишува Пендаровски во честитката.
Тој додава дека како лојални граѓани на Република Северна Македонија, припадниците на турската заедница се истовремено и мост за соработка со пријателска Република Турција.
– Само сплотени можеме да ги надминеме сите предизвици со коишто се соочуваме како држава и општество. Верувам дека припадниците на турската заедница ќе продолжат да го даваат својот значаен придонес кон градењето на стабилна, праведна и просперитетна држава за сите, вели претседателот Пендаровски во честитката по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија