-->
-->
Чешки планинар исчезнал во Бугарија
-->
Семејството и пријателите на чешкиот планинар и истражувач Јиржи Вања веќе два месеци трагаат по него, откако се изгубил на планината Пирин, во југозападна Бугарија, јави дописникот на МИА од Прага.
Триесет и седумгодишниот Вања е искусен планинар, кој со својот татко, брат и пријатели патувал низ Блискиот и Далечниот Исток, а се има искачено и на Хималаите.
- Ние основавме група на Фејсбук со најактуелните информации за неговата потрага, изјави сестрата на Вања, Марцела Просова Вањова, додавајќи дека таа и нејзините пријатели го пребарувале теренот каде последно се движел нејзиниот брат.
Според чешките медиуми, во наредните денови во акцијата ќе се вклучат и бугарските спасувачи и специјален хеликоптер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно