Чавушоглу: Односите на Турција со Русија не се алтернатива за ЕУ или за САД
Односите на Турција со Русија не се алтернатива за односите на Републиката со Европска унија или со САД, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу за време на посетата на Литванија.
- Нашит односи со Русија не се алтернатива за односите со ЕУ или со САД. Надворешната политика на Турција е ориентирана на баланс (во односите), посочи Чавушоглу.
Тој ја коментираше и посетата на претставници на американскиот Конгрес на Турција, при што тие апелираа Анкара да се откаже од купување на противракетните системи С-400 од Русија, за да добијат авиони ловци Ф-35 од САД. Чавушоглу повтори дека „купувањето на С-400 не предност на Турција туку принудна мерка“.
- Нас ни требаат системи за противвоздушна одбрана. Ние сакаме да ги купиме од нашите сојузници, вклучително и САД, но не можеме тоа да го направиме. Може ли Америка да даде гаранции за продажбата на системите „Патриот“? Дури и за Ф-35 постојано се менуваат условите. Купувањето системи за противвоздушна одбрана е крајно неопходно за нашата безбедност, потенцира Чавушоглу.
Тој додаде дека Турција сака да ги реши проблемите со САД по пат на дијалог.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега