Балкан
27. January 2017 - 13:28

Чавушоглу: Анкара ќе ја поништи спогодбата за реадмисија со Грција

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека Анкара ќе ги преземе сите потребни мерки, вклучувајќи го и поништувањетом на билатералната спогодба за реадмисија со Грција.

Врховниот суд на Грција вчера одлучи осумте турски воени лица кои по обидот за преврат во јули пребегнаа на грчка територија, да не бидат екстрадирани во Турција. Тоа решение предизвика незадоволство кај Анкара и дополнителна затегнатост во односите меѓу двете земји, објави турската телевизија „ТРТ Хабер“ на својот Твитер налог.

- Ќе ги преземеме потребните чекори, меѓу кои и поништување на билатералната спогодба за реадмисија помеѓу нашата земја и Грција, рече Чавушоглу.