Чави ја напушта Барселона на 30 јуни
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, најави дека ќе го напушти каталонскиот гигант на кракот од сезоната, по синоќешниот сензационален пораз од Виљареал (3-5) во 22 коло на Ла Лига
„Дојдовме до точката од која нема враќање. Време е за промени. Мислам дека е време да заминам. Разговарав со раководството и клубот. Ја напуштам клупата на 30 јуни“, изјави Чави на прес – конференцијата по натпреварот.
Чави, кој речиси целата своја кариера како фудбалер ја мина во Барселона, лани ја освои шампионската титула со каталонскиот клуб, но оваа сезона резултатите се под очекувањата.
Барселона претходно овој месец остана без трофеј во Суперкупот и претрпе елиминација во шпанскиот Куп, а во моментов во Ла Лига е третопласирана со десет бодови помалку од лидерот Реал Мадрид.
Ново на Сител
-
Жителите на Оревоец бараат времена мерка против „Бехтел и Енка“
-
Под контрола пожарот во Делгошти
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со професорот Марјан Ѓуровски
-
Катица Јанева го изгуби правото да работи кај синот, при контрола не била во канцеларијата
-
Мицкоски од Вашингтон за пораките на Мицотакис: „Блокадите треба да бидат реликвија од минатото“
-
Сојузниците преговараат дали Украина ќе добие зелено светло за влез во НАТО
-
Да се искористи моментот