Цензурата на медиумите во Тајланд само делумно ќе се укине
Цензурата на медиумите и натаму ќе остане во рацете на властите во Тајланд, бидејќи и во новиот Устав се предвидува можноста властите да прогласат ембарго на слободата на медиумите кога ќе проценат дека состојбата во државата поради опасност од војна, или граѓански немири од поголеми размери.
Оваа одлука на Комисијата за подготовка на новиот Устав им е соопштена на новинарите по дводневното заседание на Комисијата, од чија работа јавноста беше исклучена.
Во претходниот Устав на Тајланд, укинат по военниот удар во мај 2014, цензурата на наовинарски и други текстови во пишуваните и електронските медиуми беше предвидена само во ситуација кога државата е во војна. По военниот удар цензурата стана пракса, а кршењето на новововедените правила властите строго ги казнуваа.
Во новиот Устав се прецизира дека медиумите под државна контрола мора да ја усогласуваат својата редакциска политика соодветно на одлуките на актуелните политички власти.
Од трите медиумски асоцијации во Тајланд веднаш предупредија дека со предложените правила се прави удар на слободата на изразувањето, но и штета за угледот на државата.
Претседателот на Асоцијацијата на тајландските новинари Манор Тип-осод изјави дека и во сегашните услови на ограничена слобода медиумите успевале да објавуваат објективни информации за сосојбите, без да ја загрозат стабилноста на државата. Тој очекува дека под притисок на меѓународната јавност одредбите за цензура ќе бидат отстранети од Уставот, пред неговото конечно донесување, кое се очекува за неколку месеци.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса