-->
-->
Бугарка фатена со два килограми кокаин на аеродромот во Атина
-->
Една 29-годишна жена од Бугарија денеска е уапсена на атинскиот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“ во обид да прошверцува кокаин во Грција.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, жената, која допатувала со лет од Рио де Женеиро преку Цирих, во нејзиниот багаж имала два килограми и 495 грама кокаин во 21 кесички од сладолед во прав.
Истрагата откри дека осомничената е член на синџир за трговија со дрога, која главно шверцува кокаин од Латинска Америка кон западноевропските земји.
Осомничената е изведена пред атински обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце