Македонија
13. February 2025 - 13:26

Бугарин приведен во Куманово за измама на повеќе лица

На 12.02.2025 во 15.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Оддел за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(59) од Република Бугарија. Тој се сомничи дека на територија на Куманово во соработка со повеќе лица извршил измами со наводни сообраќајни незгоди над повеќе лица.

П.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.