Бугарија има се помалку млад наставен кадар
Во периодот од 2007 до 2013 година бројот на наставници помлади од 34 години во Бугарија е намален од 15 на 9,9 проценти, додека во исто време наставниот кадар над 55-годишна возраст е зголемен од 16,8 на 29,3 отсто, информира бугарската вицепремиерка и министерка за образование и наука Меглена Кунева.
Како што јави БТА, изнесувајќи ги овие податоци во денешното обраќање на конференцијата „Национално истражување на системот за подгоотвка на педагошки кадар“, Кунева нагласи дека „прашањето со младите наставници навистина е дојдено до коска“.
Таа нагласи дека во школувањето на наставниот кадар потребно е да се воспсотави баланс меѓу теоријата и праксата, врз основа на меѓународните искуства.
- Искусните наставници велат дека многу често нивните млади колеги кога ќе влезат во училиштата запаѓаат во апсолитно непозната средина и се соочуваа со голем шок, истакна Кунева, додавајќи дека затоа студентите на педагошките факултети треба почесто да одат на пракса во училиштата.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари