-->
-->
Бугарија годинава очекува 11,6 милиони странски туристи
-->
Бугарија годинава очекува повеќе од 11,6 милиони туристи од странство, што е за 11 отсто повеќе во однос на 2016 година, изјави директорот на бугарскиот Институт за проценки на туризмот, Румен Драганов.
Како што јави БТА, првите туристи од Германија, Велика Британија и Романија веќе пристигнаа на црноморските одморалишта Сончев Брег, Златни Песоци и Албена.
Коментирајќи го недостигот на туристички работници, Драганов рече дека тој проблем „не може да биде решен додека овие работници во Бугарија имаат просечна плата од 320 евра, наспроти европските 1.400 евра.
Недостигот на туристички работници во Бугарија се надоместува со луѓе од земји кои не се членки на ЕУ, како што се Украина, Молдавија, Белорусија, Индија и Бангладеш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст