Свет
7. February 2020 - 8:07

Бројот на жртвите од коронавирусот во Хубеи достигна 630

Бројот на жртвите од епидемијата на коронавирусот во кинеската провинција Хубеи достигна 630, откако уште 69 лица починаа во последните 24 часа како последица на вирусот, пренесе кинеската државна телевизија.

Телевизијата наведува дека само последниот ден во провинцијата во која и се откри жариштето на новиот тип на коронавирусот биле регистрирани нови 2.447 заразени лица.

Со ова бројот на заразени од коронавирусот во оваа провинција достигна 22.112 лица, јавуваат британските медиуми.