Loading Video...
Балкан
24. October 2021 - 16:30

Брнабиќ: Долго и детално е планирано убиство на Вучиќ

Долго и детално е планирано убиство на Вучиќ на откривањето на споменикот на Стефан Немања на 27 јануари годинава во Белград, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ. За таа цел се формирани паралелни структури во српското МВР и водени се кампањи во медиумите за оцрнување на српскиот претседател, тврди Брнабиќ.

Таа рече дека надлежните служби се занимаваат со случајот и дека нема да има заштитени.