Брижит Макрон беше позитивна на Ковид-19 за време на празниците
Брижит Макрон, првата дама на Франција беше позитивна на Ковид-19 за време на празниците на крајот на годината поминати во Брегансон, изјави нејзиното опкружување за „Фигаро“, потврдувајќи ја информацијата на радиото Европа 1, јави дописникот на МИА.
Првата дама продолжи со своите активности во понеделникот, 4 јануари ” затоа што се тестираше негативно на 30 декември“, додаде изворот на „Фигаро“. На пример, таа присуствуваше на погребот на директорот на „Пари Мач“ Оливие Ројан во петокот на 8 јануари во Париз. На 26 декември, Елисејската палата посочи дека претседателскиот пар бил во Брегансон по крајот на изолацијата на шефот на државата, кој и самиот беше тестиран позитивен на 17 декември.
Сепак, не се знае точно кога претседателот и неговата сопруга пристигнале во Вар. Ниту, пак, кои се можните случаи на контакт со првата дама. По позитивниот тест за Ковид-19, Емануел Макрон остана во изолација во Ла Лантерн една недела, и се врати во Елисејската палата на 24 декември, бидејќи веќе не покажуваше „симптоми“.
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија